По грешка се потпишала дека не сака да ја види ќерка си: Лана 40 години не знаела ништо за своите деца, а потоа следувал пресврт! (видео)

Најлошото нешто за родителот е да биде одвоен од своето дете, но оваа мајка Лана така живее во последните 40 години.

Во Тајланд, Лана запознала човек кој работел за американските воздухопловни сили и бил стациониран таму за време на Виетнамската војна. Тие се заљубиле, се венчале и се преселиле во Охајо. Таму добиле ќерка, а во меѓувреме се преселиле во Англија, каде добиле уште една ќерка.

Две години подоцна, таткото се развел од неа, Лана не знаела добро англиски и не разбирала дека се откажува од сите деца и дека некогаш повеќе нема да ги види ќерките.

Од тој ден мајката и ќерката се обидуваат да се најдат 40 години и конечно се пронајдоа, благодарение на социјалните мрежи.

Кога биле разделени, нејзините ќерки Старла и Џенин имале само две и три години. И за нив и за мајката било тешко. Кога малку пораснаа, Старла и Џенин ја пребараа секоја семејна база на податоци што можеа.

Годините поминувале и тиенпрестанале да ја бараат својата мајка и продолжиле со својот живот.

Набргу потоа Старла добила неочекувана порака на Фејсбук. Тоа била порака од Марко, вториот сопруг на Лана, кога таа долго време го молела да и’ ја пронајде ќерката.