Познатиот гитарист на Ролинг Стоунс го прослави 80-от роденден на плажа со сопругата: Имаа двојна причина за славење
Познат рокер, Кит Ричардс гитарист и основач на легендарниот бенд ,,Ролингстоунс” вчера на плажа го прослави својот 80-ти роденден.
Кит го прослави својот роденден во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите, а фотографии од прославата сподели сопругата на неговиот колега Рони Вуд.
Музичарот носеше црна маичка и шорцеви со риги додека стоеше покрај сопругата Пети Хансен (67), а познатата американска манекенка и актерка го држеше своето милениче.
Инаку, Кит вчера на 18 декември прослави уште една годишнина, односно тој и неговата сопруга ја прославија 40-годишнината од бракот.
Освен што му посака на Кит среќен роденден, Сали им посака среќна годишнина на Кит и неговата сопруга Пети откако се венчаа на неговиот роденден во 1983 година.
Од друга страна, Кит ја одбележа 40-годишнината од бракот споделувајќи фотографија на која тој и неговата сопруга сечат торта на нивниот голем ден.