Познатиот голем часовник Rolex на трките во Формула 1 заминува во историјата, има милијарда причини за тоа
Ако сте љубители на Формула 1, сигурно сте навикнати да гледате голем Rolex часовник кој го покажува точното време и го означува почетокот на трката на телевизиските екрани неколку секунди пред почетокот на трката.
Од оваа година ќе мора да заборавите на таа сцена. Имено, на Rolex му истече договорот со Формула 1 како официјален мерач на време, а отсега ќе биде TAG Heuer.
Швајцарската компанија одлично се враќа во Формула 1, и повторно ќе биде во најбрзиот циркус во светот.
TAG Heuer е во Формула 1 од 1969 година, и како спонзор на големи тимови како Ферари и Мекларен, и како официјален мерач на време пред доаѓањето на Rolex.
Според германските медиуми, Формула 1 потпишала десетгодишен договор со TAG Heuer вреден дури една милијарда долари.