Познатиот готвач откри како прави кајгана: го прекрши основното правило, но јајцата подготвени по него се неверојатни
Не за џабе велат „не знае ни јајце да испржи“, бидејќи подготовката на јајце е една од првите работи што ги учиме да готвиме. Да не знаете да пржите јајце е навистина срамота, а за бројот на луѓе кои не се сигурни во своите способности во оваа работа говори и фактот што пред неколку дена огромен интерес предизвика совет за подготовка на пржени јајца. Додуша, стигна од интересна адреса…
Познатиот готвач Томас Келер го откри својот рецепт за кајгана и го откри својот мал трик: за изматени јајца најдобро е јајцата да се изматат со миксер. Иако обично се советува да се матат јајцата со вилушка и без преголемо движење што ќе внесе многу воздух во јајцето, кога готвачот чии ресторани имаат дури осум Мишелин ѕвезди ќе каже дека е подобро со миксер, ние останатите замолчиме и слушаме.
Покрај миксер (и јајца) ќе ви треба и цедалка бидејќи Келер советува јајцата да се цедат пред да се истурат во тавче, за да имаат подобра текстура изматените јајца и да се пржат на тивок оган, со додаток на малку крем фраиш.
Многумина го испробаа неговиот совет и за тоа известуваа преку социјалните мрежи. Луѓето беа многу ентузијасти, а интересно е што еден од оние кои пријавиле дека успешно го пробале методот на Келер е неговата колешка Максин Шарф, која тврди дека изматените јајца по рецептот на Келер се „неверојатни“.