ПОЗНАТИОТ СПЛАВ ВО БЕЛГРАД ПОЧНА ДА ТОНЕ: Гостите во паника скокаа во реката, а водата почна да влегува (ФОТО)

Вечерва се случи инцидент на сплавот „Лимон чили“ на кејот во Земун.

Според присутните, сплавот во еден момент почнал да тоне, што предизвикало општа паника.

Одеднаш, водата почна да навлегува во сплавот“, изјави за Курир еден од присутните гости.

Поради ова настанала паника кај големиот број посетители на сплавот, кои штом можеле излегле надвор, а некои скокале во водата.

Кога почна песната „Аеробик“, сите почнаа да скокаат и тогаш влезе водата“, додава соговорникот на Курир.

Засега нема информации дали има повредени.

Да потсетиме, ова не е прв сличен случај во Белград. Сплавот „Фристајлер“ потона на новогодишната ноќ .