„ЛУЦИФЕР“ ЌЕ НОСИ ПЕКОЛ ВО РЕГИОНОТ! Нè очекува ТОПЛА недела, а метеорологот тврди – Деновиве ќе бидат НЕПОДНОСЛИВИ

Според српскиот метеоролог, најтопли денови следната недела ќе бидат среда и четврток, 12 и 13 јули.

Метеорологот Иван Ристиќ на својот Фејсбук профил објави какво време не очекува во наредните денови. „Според нас, зајакнатиот африкански антициклон започнува нов топлотен бран, со највисока дневна температура во текот на наредната недела од 32°C до 37°C. Најтопли денови следната недела ќе бидат среда и четврток, 12 и 13 јули. Во петок и сабота на 14, а на 15 јули ќе уживаме во мало краткотрајно освежување“, пишува метеорологот Ристиќ и додава:

„Од недела, 16 јули, јадрото на жешкиот африкански воздух, наречено „ Луцифер “, повторно се зајакнува кон нас и ја крева температурата во нашиот регион до 40 степени Целзиусови, па во тие денови очекуваме вистински летни горештини“, вели тој. Според сегашните прогнози, „Луцифер“ ќе влијае на временските услови во нашиот регион до 26 јули, кога го очекуваме крајот на тој топлотен бран.

За потсетување, Иван Ристиќ неодамна за Курир изјави дека според досегашните долгорочни прогнози, во јули може да очекуваме натпросечни температури при топлотни бранови, но ќе има и екстремни временски појави како грмежи и лошо време.