48.543 денари – минимални трошоци за семејство во јуни

Во јуни на едно семејство му биле потребни 48.543 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја обработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Од таму велат дека иако има мало намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак, зголемена е потрошувачката за храна и пијалоци.

За храна и пијалоци потребни се најмалку 19.805 денари, додека за општите аџилак потребни се 13.416 денари. За минимален превоз на едно семејство му требаат 3.720 денари, додека за хигиена 3.252 денари.