Познатиот спортист од “соседството” на кој му се восхитувавме заврши на психијатрија. Си ги уништи животот и бракот
По активна кариера се испроба и во тренерската работа, но доби отказ во Полска поради обвинувања за нови проблеми со алкохолизмот.
Познатиот словенечки скокач Примож Петерка во својата богата кариера двапати го освои Светскиот куп во сезоните 1996/97 и 1997/98 година, тој славеше во 1996/97 година на престижната новогодишна турнеја Четири скокалници. Како словенечки репрезентативец освои бронзен олимписки медал во 2002 година во Солт Лејк Сити, а истиот успех го повтори и на Светското првенство во Обертсдорф во 2005 година. Во Светскиот куп забележа 15 индивидуални победи.
Меѓутоа, неговата голема кариера остана во сенка на проблемот со алкохолизмот, поради што си го уништи бракот и животот, а едно време, пред 10-ина години, заврши на психијатриско лекување. Примож и неговата поранешна сопруга Рената имаат три деца, но нивниот брак не можел да се одржи поради постојаните проблеми со алкохолот.
Примож никогаш не се ослободи од својот најголем порок, што на крајот го чинеше брак и развод со Рената со која беше 23 години.
– Официјално се разведовме пред шест месеци, а сега веќе една година живеам сама со моите деца. Знаеш, кога си со некого толку долго, а тоа завршува, дел од тебе умира. Навистина верував дека љубовта ќе биде доволна, но пристигнаа проблеми со кои не знаев како да се справам – изјави во една прилика Рената Бохинец.
Со многу успеси, Петерка стана првиот Словенец кој прескокнал преку 200 метри на Планица, поточно 212 метри, што го вбројува меѓу ретките кои постигнале таков подвиг во тоа време.