Познатиот тениски тренер зборуваше за Новак: „Никогаш не сум видел такво нешто во историјата, тој е THE GOAT“
Поранешниот тренер на Серена Вилијамс, Симона Халеп, Холгер Руне и многу други, Патрик Муратоглу изјави дека смета дека не треба да се зборува за најголемиот на сите времиња, дека најголемиот е Новак Ѓоковиќ.
– Интересно е да се размислува дали е подобар Новак од 2023 година или Новак од 2015 година. Мислам дека денешниот Новак е подобар. Неговата игра и самодоверба еволуираа, тој одигра уште многу натпревари. Ја подигна својата игра на големи височини, а физички не падна, мислам дека физички е ист – исто толку брз, флексибилен, избалансиран a при удари – отпорен. Никогаш во историјата на тенисот не сум видел некој на врвот на својата игра на 36 години, како на 26-28. На тоа ниво е цела своја кариера, со една или две тешки години, иако играше во иста ера со Роџе и Рафа, а тоа само илустрира колку доминантен играч е Новак – изјави францускиот селектор.
Гледа дека приказната за најголемиот е излишна откако оваа сезона, Новак на 36 години научи нешто што многумина не го направија со многу помалку години.
– Таа фамозна GOAT дискусија е целосно завршена по ваквата година на Ѓоковиќ – три слем титули плус финалиња, држи рекорди во сите категории: слем, мастер, недели на прво место. Во исто време, тој сè уште игра, cè уште е на врвот – додава тој.
Сепак, Федерер е еден од оние кои успеаја да постигнат голем успех пред крајот на кариерата, а Муратоглу знае да го цени тоа.
– Често слушам дека тоа што го направи Роџер во 2017-2019 година е исто како што ова сега го прави Новак. Роџер беше подобар играч во 2018 година од претходно поради една голема причина – неговиот бекхенд. Тоа направи голема разлика. Но и тогаш Роџер не освои три слема и беше постојан во текот на целата сезона, чекор над другите. Разликата е во тоа што Новак сега е физички исто толку добар како и на 26 години – заклучува Муратоглу.