Камионот се кренал во пламен одма после експлозијата – Бојан немал шанса да преживее! Се појави морничава снимка од трагедијата во Америка

Бојан Петровиќ (36) од Србија трагично загина пред неколку дена во Америка, кога експлодирал камионот што го управувал.

Американските медиуми ја објавија снимката снимена веднаш по несреќата во која трагично загина Бојан (36).

Несреќата се случила на 24 ноември околу 06:30 часот на автопат во Флорида, кога жена (39) со својот автомобил удрила во задниот десен дел од приколката на камионот на Бојан.

Да потсетиме, неговите пријатели започнаа GoFundMe кампања за собирање пари, за телото на Бојан да биде вратено во Србија и да биде погребано.

„Сите што го познаваа барем малку знаат за каков добар и чесен човек е тој. Зад себе остави неутешни родители и сестра со мало дете, кое таа го одгледува со негова финансиска помош. Сега се соочуваат со големи трошоци, а ги повикуваме сите луѓе со добра волја да ја олеснат тешката ситуација во која се нашле“, велат пријателите на Бојан на GoFundMe.