Познатиот хирург откри: Еве кој не смее да спие во чорапи, за овие луѓе тоа е опасна навика

Кога надвор е минус, а домот е умерено загреан, дали често спиете во чорапи? Кога ќе прочитате за сите компликации кои оваа навика може да ги предизвика, ќе размислите двапати пред да земете топли волнени чорапи пред да одите во кревет.

Хирургот Армен Авакјан откри за кого оваа навика е фатална. Како што истакна, во некои случаи и кај одредени пациенти може да предизвика инфекции, па дури и некроза, односно смрт, гниење на ткивата. Така тој ги издвои оние кои во никој случај не треба да си легнуваат облечени во чорапи.

Слаба циркулација

Првенствено се работи за луѓе кои имаат нарушена циркулација во стапалата. Нозете често им се ладни, поради што носат чорапи кога спијат, но има и други начини да ги загреете. Еден од најлесните начини е наизменично туширање со топла и ладна вода, што ја поттикнува циркулацијата. 

Што е микроангиопатија?

Тоа е болест на васкуларниот систем што се карактеризира со влошување на капиларите и развој на патолошки промени во нивната структура. Се јавува поради болести на внатрешните органи, што доведува до ткивна некроза, тромбоза.

Опасна навика и за дијабетичарите

Хирургот Авакјан предупреди и дека оваа навика е опасна и за дијабетичарите, бидејќи постои ризик од микроангиопатија.

„Со ваква болест се намалуваат заштитните својства на кожата на нозете, а циркулацијата на крвта во долните екстремитети практично ја нема во споредба со здрава личност. Носењето чорапи навечер кај таквите луѓе повторно може да доведе до инфекции кои не може да се лекува“.

Во најлош случај може да се јават гнојно-некротични заболувања и некроза“, заклучува експертот.