Познатиот холивудски актер заврши итно во болница! Семејството се огласи и објави дека ситуацијата е комплицирана: “Ги цениме вашите молитви…“
Познатиот холивудска актер Џејми Фокс заврши во болница поради итна медицинска помош, откри за медиумите неговата ќерка Корин Фокс.
Семејството на социјалните мрежи објави дека 55-годишниот актер претрпел „медицински компликации“ поради кои требало итно да биде пренесен во болница. Претходно, тој ја сними акционата комедија „Back In Action“ во Атланта со неговата колешка Камерон Дијаз.
Семејството соопшти и дека Фокс сега е „на пат кон закрепнување“, иако не открија од каков здравствен проблем се мачи и со какви проблеми се соочува.
Сепак, магазинот TMZ го нарече неговото здравствено прашање како – „медицински итен случај“ и додаде дека Фокс сега повторно може да комуницира.
„Сакавме да го споделиме ова со вас, мојот татко Џејми Фокс доживеа медицинска компликација. За среќа, со брза реакција на докторите и соодветна грижа, тој е на добар пат да закрепне. Знаеме колку го сакате и ги цените вашите молитви. Семејството бара приватност во ова време. Ви испраќаме многу љубов, семејството Фокс“, напиша неговата ќерка во објава на социјалната мрежа Инстаграм.
Сè уште не е познато кога Џејми Фокс ќе излезе од болница и ќе се врати на филмскиот сет.