Познати и богати, но мета на осуда затоа што не сакаат деца: Овие светски ѕвезди имаат свои причини зошто не успеале како родители
Некои од нив дури мислат дека би биле добри во родителството, но дека тоа едноставно не е нешто што би ги направило среќни
Многу јавни личности не криеја дека поради успехот и кариерата го запоставиле семејството, па не се ни реализирале како родители. Но, има и такви кои свесно го направија тој избор, па така се најдоа на мета на осуда.
Мајли Сајрус
Во 2019 година, познатата пејачка зборуваше за тоа дека не е подготвена да има деца, а како причина за тоа ги наведе проблемите во светот и климатските промени.
Како што истакнала, би добила дете само во случај нешто драстично да се промени на планетата.
– Се додека не почувствувам дека моето дете ќе живее на земјата со риба во вода, не носам друг човек да се занимава со тоа – рече таа.
Џенифер Анистон
Познатата Рејчел од „Пријатели“ не криеше дека била притисната да стане мајка иако не сакала.
– Не ми се допаѓа притисокот што луѓето го вршат врз мене, врз жените – дека си се изневерила себеси како жена затоа што не си родила. Мислам дека тоа не е фер. Постојано ми кажуваат дека сум била толку фокусирана на кариерата и фокусирана на себе, дека не сакам да бидам мајка, а тоа е толку себично – изјавила еднаш Џенифер Анистон .
Леонардо ди Каприо
Холивудскиот заводник сè уште не се дочекал како татко и тоа не му пречи. Леонардо размислува како Мајли Сајрус кога е семејството во прашање.
– Мислиш дека сакам да донесам деца на овој свет? Ако се случи, ќе се случи – изјави актерот.
Опра Винфри
Остварена во секој поглед кога е кариерата во прашање, познатата водителка никогаш не зажалила што не се исполнила како мајка бидејќи е свесна дека нејзините деца би страдале.
– Да имав деца, таа ќе ме мразеше – изјави водителката Опра Винфри, потоа продолжи:
– Нешто во мојот живот би требало да страда поради се што се случува, а веројатно би биле тие.
Елен Деџенерис и Портија де Роси
Актерката никогаш не сакала деца, а нејзиниот животен партнер Елен Деџенерис таа се согласи со тоа. Иако и двете мислеле дека ќе бидат одлични родители, се согласуваат дека тоа е преголема жртва и одговорност и дека се посреќни без деца.
– Мислам дека треба да го сакаш. Решивме да бидеме сами, без бебе. Никогаш не сме биле посреќни од сега – изјавила Порша.