Со одигрувањето на завршните натпревари од групната фаза познати се сите учесници во осминафиналето на Европското првенство во одбојка на кое нокаут фазата ќе се игра во италијанските градови Бари и Рим, како и во Варна во Бугарија.
Македонските одбојкари со освоеното четврто место во групата Ц која се одигра во Скопје за противник во осминафиналето ќе го имаат европскиот и светски првак Италија. Натпреварот ќе се игра во Бари в сабота, а дополнително ќе биде познато дали дуелот ќе почне од 18 или од 21 часот.
Нокат фазата ќе биде отворена со натпреварот меѓу Хрватска и Романија, а в сабота на програмата се и осминафиналните дуели меѓу Франција – Бугарија, Словенија – Турција, Холандија – Германија и Португалија – Украина.
В недела ќе играат Полска – Белгија и Србија – Чешка.
Финалето е на 16 септември во Рим.