Познат кардиохирург открива како да се намали високиот крвен притисок: “Не е комплицирано, едноставно не треба да биде над овие вредности“

Високиот крвен притисок е многу опасна работа и мора секогаш да се држи под контрола. Ако со години се борите со висок крвен притисок, веројатно веќе сте запознаени со храната што треба да ја јадете и како треба да вежбате.

Д-р. Емир Солаковиќ, кардиохирург, открива како да го регулирате високиот крвен притисок:

Доколку имате здравствени проблеми, тогаш сте вие ​​самите ‘виновни’. Докторите не можат да ве излечат ако не се погрижите на време. Ако горниот крвен притисок ви е 140, а долниот крвен притисок ви е 90, имате хипертензија. Сè што е над ова е опасно. Доколку притисокот ви се крева веднаш одете на доктор и тој ќе ви даде лекови. Тогаш цел живот сте на лекови, ама морате да бидите и самите свој доктор, редовно да пиете лекови и редовно да си го мерите крвниот притисок сабајле и навечер и да ги следете вредностите дваесет дена. Секогаш мерете го крвниот притисок во исто време. Само така ќе знаете дали имате хипертензија или не“, објаснува тој.

Можеби сте поминале лошо, сте биле под стрес и ви се зголемил притисокот. Ова воопшто не е комплицирано. Не дозволувајте крвниот притисок да ви се искачи до 200. Вие што имате висок крвен притисок консумирајте што повеќе овошје и зеленчук кое содржи што е можно повеќе калиум. Калиум користите и во таблети. Ќе ви го намали крвниот притисок од 140 на 130 и тоа е голема работа“, вели д-р. Емир Солаковиќ, пренесува net.hr

Овој доктор потоа се осврнува и на омилениот пијалок на многумина.

Кога пиете кафе, изедете коцка темно чоколадо. Морската риба исто така го намалува притисокот. Така живеам и јас! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите притисокот, одете, не смеете да имате прекумерна тежина. Не можете да бидете дебели и здрави. Дебелите се болни луѓе затоа што имаат проблеми со шеќерот и крвниот притисок“, тврди д-р. Емир Солаковиќ.

Од друга страна, нискиот крвен притисок го бара ова: пијте многу течности. Ако седите многу, не се движите и не пиете вода, притисокот ќе падне. Не сум за хемија. Обидете се да направите нешто да го подигне притисокот или да го намали, и тоа без лекови“, заклулува докторот.