ПОЗНАТ ФУДБАЛЕР ЖИВЕЕ ОД СОЦИЈАЛНА ПОМОШ: На крајот на месецот му остануваат 165 денари, а како европски првак пливал во милиони
Беше победник на ЕП и Бундеслигата и двократен финалист на Мундијалите, а денес минува низ тешки времиња.
Легендарниот Ејке Имел (63) со Германија стана европски првак во 1980 година, а со Штутгарт во 1992 година ја освои титулата германски шампион.
Славниот голман бранеше и за Борусија Дортмунд и Манчестер Сити, а кариерата ја заврши во 1997 година.
Само 11 години подоцна, тој мораше да прогласи банкрот по серијата лоши инвестиции и наводните проблеми со коцкањето кои го оставија без пари.
Почнал да живее во многу поскромен дом кој бил наместен со помош на донации.
Имел зборуваше за својата ситуација во серијата „Ајде да зборуваме за пари“.
„ Мојата цел е повеќе да не примам пари од граѓаните, од лето па натаму “.
И покрај неговата лоша финансиска состојба, неговиот стан на секои две недели го посетуваат чистачки, подарок од неговите пријатели.
Тој објасни дека живее од социјална помош која изнесува 563 евра, а на крајот на месецот му остануваат околу 2,69 евра (165 денари).
„ Не можам да готвам, дури и не правам ништо за себе. Секојдневните задачи како перење и чистење ми се туѓи, а не знам ни да ракувам со машина за перење. Но, бидејќи ги тренирам младите во локалната заедница, каде што волонтирам, сопственикот на локален ресторан ми дозволува да нарачувам што сакам секој ден “.