Во ноември, пејачот Дино Мерлин закажа четири настапи по ред во Белград.
Има голем интерес за концертите, а билетите набрзо беа распродадени.
Меѓутоа, сега се појави петиција со која се бара да му се забрани на босанскиот изведувач да одржува концерти.
Фотографијата на Дино со натпис „Несакано“ и неговите изјави кои наводно шират говор на омраза, а кои никогаш не се потврдени, се достапни на веб-страницата Petitija.online.
Дино Мерлин во неколку наврати негираше многу од наводите и изјавите што му се припишуваат.
“Никогаш не сум рекол дека мразам некого. Тој глагол не постои кај мене. Тоа е ноторна невистина. Толку многу што се пишуваше за мене сите овие години е целосно измислено”, изјави Мерлин во 2011 година на ТВ Прва пред првиот концерт.
Од 27 јули до денеска на петицијата се потпишале 21.763 лица.