Полета најголемата и најмоќната ракета на Илон Маск: Ова вселенско летало ќе носи луѓе на Месечината и Марс (фото/видео)

Компанијата SpaceX на милијардерот Илон Маск го лансираше Starship (во превод вселенски брод), најголемата и најмоќната ракета во светот. По две минути и 44 секунди, тешките бустери беа одвоени од ракетата за полетување, а потоа беше демонстрирано дека ракетата може да го остави товарот во орбитата.

За време на враќањето на бустерот во Мексиканскиот залив, бустерите беа изгубени, изјави Дан Хут, портпарол на SpaceX.

Претходните два обиди за лансирање завршија со спектакуларни експлозии, а од успехот на овие ракети зависат плановите на американската агенција НАСА да испрати астронаути на Месечината пред крајот на деценијата.

Ракетата е висока 122 метри и има два дела. Првиот е дел од не’рѓосувачки челик кој може да се употребува повеќекратно, исто така наречен Starship, а вториот е многу тешки бустери за подигнување. Оваа ракета моментално е најголемата и најмоќната во светот, а нејзината цел е да транспортира луѓе на Месечината, а можеби дури и на Марс, пишува Space.com.

– Starship би можел да биде револуционерно вселенско летало. Неговиот потенцијал е многу поголем од носењето товар во орбитата и назад, како што беше случајот со вселенските шатлови. Еден ѕвезден брод може еден ден да биде нашата прва постојана база на површината на Месечината. Тоа може да ги однесе дури и првите посетители на Марс – изјави за Индипендент Чад Андерсон, управен партнер на инвеститорот на SpaceX, Space Capital.Лансира

Како што најави Илон Маск, Starship ќе може да носи во вселената товар тежок 150 тони, што е многу повеќе од 20-те тони што ракетите можат да ги носат денес.

SpaceX објави видео од планираната траекторија на леталото. Кога ќе полета од Тексас, ќе лета над Мексиканскиот залив, Атлантскиот Океан и Африка, пред да заврши во Индискиот Океан. Иако планот е Starship да се врати на местото на полетување, овојпат тоа нема да се случи бидејќи се работи за пробен лет, а леталото ќе заврши во морето. Иако дотогаш ќе го потроши речиси целото гориво, сепак ќе тежи околу 100 тони, пишува Вашингтон пост.