Питата со кромид и сирење е срдечна и вкусна – совршена за висококалоричен оброк
Потребно за тестото:
- 500 грама брашно
- 1 прашок за пециво
- сол
- 75 мл масло
- 200 мл млеко
- 2 јајца
Фил:
- 2 јајца
- 200 грама тврдо сирење
- 200 грама ситно сирење
- сол
- кромид
- 100 мл стопен путер
За поливање:
- 200 мл млеко
Подготовка : Направете тесто од брашно, млеко, прашок за пециво и јајца. Кога ќе го замесите тестото, расукајте го во 3 парчиња, секое парче виткајте го во ролат и исечете ја на помали топчиња. Оставете го тестото да одмори околу 10 минути. Потоа секое топче развлечете го колку што е можно потенко и наредете го врз претходните.
Направете го филот така што ќе го изрендате тврдото сирење, а потоа во него додадете ситно сирење, јајца, млад кромид, сол и зачини по желба.
Во подмачкана тава ставете го прво тестото, па путерот, па филот, па тестото, па путерот, па филот, па тестото. Питата исечкајте ја на коцки и печете ја на 180 Целзиусови степени околу 45 минути. Извадете го од рерна, прелијте го со млеко и вратете го во рерна околу 15 минути. Уживајте.