ПОЛИЕНА ПИТА: Ручек на кој не можат да одолеат ниту млади ниту стари (ВИДЕО)

Питата со кромид и сирење е срдечна и вкусна – совршена за висококалоричен оброк

Потребно за тестото:

  • 500 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • сол
  • 75 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 2 јајца

Фил:

  • 2 јајца
  • 200 грама тврдо сирење
  • 200 грама ситно сирење
  • сол
  • кромид
  • 100 мл стопен путер

За поливање:

  • 200 мл млеко

Подготовка : Направете тесто од брашно, млеко, прашок за пециво и јајца. Кога ќе го замесите тестото, расукајте го во 3 парчиња, секое парче виткајте го во ролат и исечете ја на помали топчиња. Оставете го тестото да одмори околу 10 минути. Потоа секое топче развлечете го колку што е можно потенко и наредете го врз претходните.

Направете го филот така што ќе го изрендате тврдото сирење, а потоа во него додадете ситно сирење, јајца, млад кромид, сол и зачини по желба.

Во подмачкана тава ставете го прво тестото, па путерот, па филот, па тестото, па путерот, па филот, па тестото. Питата исечкајте ја на коцки и печете ја на 180 Целзиусови степени околу 45 минути. Извадете го од рерна, прелијте го со млеко и вратете го во рерна околу 15 минути. Уживајте.