Полицајка (22) пронајдена мртва неколку часа по пристигнувањето на одмор во Крф! Девојка со рана на главата ја пронашол случаен минувач! Мистериозна смрт (фото)
Британската полицајка Хана Емили Бирн (22), која дошла во Крф на одмор, била пронајдена мртва само неколку часа откако пристигнала на одмор во Кавос. Нејзиното безживотно тело во неделата го пронашол случаен минувач покрај главниот пат.
Хана решила да остане во градот кога нејзината колешка се вратила во хотелот. Таа била пронајдена покрај главниот пат, откако паднала од височина од неколку метри и се здобила со рана на главата. Властите на островот сега истражуваат дали нејзиниот пијалок бил контаминиран.
Главниот медицински службеник кој прв ја прегледал Хана рече дека почувствувал алкохол на нејзиниот здив а грчката полиција се сомнева дека таа можеби пиела алкохол прелиен со метанол.
– Има многу прашања кои треба да се одговорат.
Каков вид на алкохол конзумирала? Дали нешто било истурено во него? Дали била толку пијана па не го почувствувала метанолот кој бил во алкохолните пијалоци што ги консумирала?
Одговорот е во токсиколошките испитувања што ќе се спроведат – вели Јанис Аиватидис.
Тој додаде дека очекува токсиколошките тестови да ја откријат „точната природа“ на супстанциите вклучени во алкохолот што го испил полицајката.
– Од витално значење е овие супстанции да се откријат. Резултатот го очекуваме за неколку недели – изјави Аиватидис.
Во меѓувреме, началникот на полицијата на Крф, Спиридон Сколарикис, ги стави силите на островот во состојба на висока готовност, наредувајќи им на полицајците да извршат рација во баровите „во рок од една минута“ поради обемот на контаминиран алкохол што се служи во баровите.
Нејзиното семејство и’ оддаде почит опишувајќи ја како „исклучително љубезна, смешна и грижлива“.
,,Нашата сакана Хана беше убава одвнатре и однадвор. Беше исклучително љубезна, смешна, грижлива и имаше вистински живот”, напишаа тие додека се збогуваа со неа.
Очувот на Хана, кој исто така е полицаец, се очекува да пристигне на островот подоцна оваа недела за да го земе нејзиното тело.