Претреси кај лекари од Онкологија
Утринава полицијата прави претреси кај лекари од Клиниката за Онкологија, дознаваме од извори во истрагата, а според нашите извори има и уапсени лекари.
Претресите се во склоп на акцијата која пред неколку месеци ја започна поранешниот министер Оливер Спасовски со скопското обвинителство за низата злоупотреби кои се случувале на оваа клиника. Според нашите информации, претреси се веќе направени кај Н.Н., Е.Џ. и Н.В..
Претреси имаше и пред неколку месеци, по што обвинителството отвори предистражна постапка. Во текот на денот очекуваме информации од обвинителството за денешните претреси.