Полицијата во Бања Лука на нозе: Пронајден автомобилот во кој побегнаа разбојниците кои украдоа два милиони марки

Возилото било пронајдено околу 23 часот на паркинг во населен дел од градот.

Автомобилот „сеат“ за кој постои сомневање дека бил користен во грабежот на два милиони марки во населбата Лауш, бил пронајден во Бања Лука, ексклузивно дознава АТВ.

Возилото било пронајдено околу 23 часот на паркинг во населен дел од градот. Од разбојниците се уште нема трага, а полициската потрага продолжува интензивно.

Да потсетиме, тројца разбојници вчера и подготвиле сачекуша на сопственичката на менувачницата, а ја нападнале кога дошла во куќата со поголема сума пари. Еден од разбојниците ја нападнал жената и и одзел три чанти во кои според неофицијални информации имало околу два милиони марки. Разбојниците побегнале со црн автомобил „сеат“.

Жителите на улицата каде што се случи грабежот велат дека на улицата со часови било паркирано црно „сеат“ со странски регистарски таблички. Дури подоцна им стана јасно зошто.

Првите информации од терен укажуваат дека разбојниците биле маскирани, а по нападот на местото на грабежот бил фрлен солзавец.