ПОЛИЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА УАПСИЛА 33 лица осомничени за поврзаност со „ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА“: „Нема да толерираме терористи“

Турската полиција уапси 33 лица осомничени за врски со групата Исламска држава и планирање напади пред локалните избори во земјата кон крајот на овој месец, изјави денеска министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Осомничените се подготвувале и барале каде да оперираат пред претстојните избори“, напиша министерот на мрежата Х. Изборите треба да се одржат на 31 март.

Антитерористичката полиција во Сакарија, северозападна Турција, во рациите пронашла оружје, пари и „организациски документи“, рече тој.

„Нема да толерираме терористи. Ќе ја продолжиме нашата борба без прекин со големи напори на нашите безбедносни сили“, рече Јерликаја.

Мрежата обезбедувала луѓе за воените зони и финансиска поддршка за така наречена Исламска држава додека делувала од илегални џамии и верски училишта, рече тој.

Турција беше погодена од голем број напади поврзани со Исламска држава во изминатите 10 години, вклучително и вооружен напад во црква во Истанбул во јануари, кога загина едно лице.

Исламската држава е поврзана и со најсмртоносниот напад во земјата, кога повеќе од 100 луѓе загинаа на мировниот митинг во Анкара во октомври 2015 година.