Партијата за движење на Турците со поддршка за Пендаровски

Во Скопје се одржа состанок на Централното собрание на Партијата за движење на Турците – ТХП, на кој се дискутираше за претстојните претседателски избори. ЦС на ТХП едногласно одлучи да го поддржи Стево Пендаровски. 

Сметаме дека во изминативе пет години Пендаровски со својата чесност, транспарентност и посветеност успеа да го врати разнишаниот интегритет на институцијата Претседател. За време на целиот мандат на Пендаровски имавме одлична комуникација и соработка за подобрување на положбата на турската заедница како и за политиките кои беа во интерес на државата, односно патот кон стратешките цели. Веруваме дека соработката ќе продолжи со поголема динамика и во вториот мандат на Пендаровски. 

По состанокот,  ЦС на ТХП имаше и средба со претседателот Пендаровски,  на која се разговараше околу програмските цели на ТХП и интегрирање на истите во програмата на идниот мандат. 

Особено не’ радува што нашиот предлог за да се оформи Совет за заедници, кое ќе биде советодавно тело во рамките на кабинетот на Претседателот и ќе ги следи состојбите на етничките заедници како и ќе дава препораки за да се унапредат правата на заедниците е прифатен од страна на Пендаровски и очекуваме тоа да се реализира веќе во првите 100 дена од вториот мандат.

Претседателот Пендаровски го почитува мултикултурниот и мултиетничкиот карактер на нашето општество и со своите ставови и постапки во континуитет покажа дека е претседател на сите граѓани на нашата земја. Силно веруваме дека Пендаровски е вистинскиот избор, кој успешно ќе продолжи да се справи со сите предизвици кои ни претстојат на патот кон стратешките цели. 

Партија за движење на Турците – ТХП