ПОЛИЦИЈАТА ГО Утврди ИДЕНТИТЕТОТ НА НАПАЃАЧОТ ВО ТЕКСАС: Детали за масакрот во трговскиот центар во кој загинаа осум лица! ФОТО
Вооружениот маж кој уби осум лица во трговски центар во Тексас е идентификуван како човек кој престојувал во блискиот мотел, но неговиот мотив за масакрот останува мистерија.
Полицајците од Тексас, кои побараа анонимност, изјавија дека напаѓачот бил Маурицио Гарсија (33), кој бил убиен од полицаец кој се нашол во близина на трговски центар во предградието на Далас за време на нападот, пренесува АП. Еден од полицајците рече дека полицијата пронашла повеќе оружје на местото на настанот откако Гарсија бил убиен, вклучувајќи пушка АР-15 и пиштол.
Пукањето во трговскиот центар е последно во низата масовни убиства оваа година во САД, откако само една недела претходно, пет лица беа убиени во пукање во Кливленд, Тексас, откако маж побара од соседот да престане да пука со неговиот пиштол додека неговото бебе спиело, пренесува Блиц.
Пукањето се случило во голем трговски центар на отворено, а некои очевидци велат дека меѓу жртвите има и деца.