Полицијата досега уапси три лица во Србија и едно 15-годишно лице во Чешка поради лажни дојави за бомби
Три лица се уапсени во Србија во опсежна акција на полицијата и Обвинителството за високотехнолошки криминал за лажни пријави за бомби, како и едно лице во Чешка кое има само 15 години, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тројца мажи се уапсени на поширокото подрачје на општина Зрењанин: во Банатски Деспотовац и местото Дероње. Осомничените се на возраст од 27, 23 и 42 години, соопшти Блиц.
Тие се приведени, во куќите додека спиеле, а во тек се претреси на повеќе локации.
Кај осомничените при приведувањето полицијата покрај ИТ опрема пронашла и оружје.
Министерството за внатрешни работи во соопштение наведе дека интензивно соработува со сите релевантни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на IP адресите на испраќачите на дојавите и нивните корисници.
Дојавите за бомби во основните и средните училишта во Белград зачестија во последниот месец. Само од почетокот на училишната година примени се 80 дојави за бомби. Дојави добиле и градинките, кои се покажале дека се лажни.
Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека до крајот на денешниот ден се очекува да биде спроведена опсежна меѓународна акција за апсење на лица поврзани со честите дојави за експлозивни направи во различни образовни институции на територијата на Србија.
Министерството за внатрешни работи во вчерашното соопштение наведува дека интензивно соработува со сите надлежни институции на национално и меѓународно ниво за идентификување на IP адресите на испраќачите на пријавите и нивните корисници.