Полицијата изрече 202 санкции за брзо возење

 Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата во земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи.

Како што информираат од МВР ,од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 93 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта