Новата фирма на Маск ќе ја истражува вселената и ќе работи со Твитер и Тесла

Милијардер Илон Маск ја објасни целта на неговата нова компанија за вештачка интелигенција xAI, која е да го истражува и да го разбере универзумот и тесно да соработува со неговите други компании Твитер и Тесла.

Во аудио разговор на Твитер, Маск за прв пат разговараше за својата визија за xAI, допирајќи ги темите за еволуцијата на Земјата и кревкоста на цивилизацијата и се шегуваше дека мисијата на xAI би била да открие „што по ѓаволите навистина се случува“. Тој го најави создавањето на компанијата, откако ги обвини компаниите како OpenAI и Google дека ја развиваат технологијата без да ги земат предвид ризиците за луѓето.

xAI, според Маск, ќе се обиде да изгради „добро AGI“ (скратено за вештачка општа интелигенција и се однесува на вештачка интелигенција што може да решава проблеми како човек) и како алтернатива на Microsoft, Google и OpenAI.

Тој, исто така, рече дека xAI тесно ќе соработува со неговите компании Твитер и Тесла, користејќи јавни твитови за да ги тестира своите модели со вештачка интелигенција, додека може да работи со Тесла на софтвер за вештачка интелигенција.