Засекогаш млада: Иако Барби е создадена во 1959 година, нејзините години се замрзнати на оваа возраст

Се одбројува до објавувањето на филмот за Барби, а деновиве се чини дека целиот свет е обоен во розово.

Колку години има Барби? 

Затоа, само по себе се поставува едно прашање: колку години има Барби? Најпознатата кукла на светот е создадена во 1959 година, што би значело дека има 64 години. Сепак, тоа не е нејзина возраст. 

Барби го доживеа она за што многумина сонуваат. Таа остана засекогаш млада.

Имено, Мател претходно изјави дека Барби била „замрзната“ на 19 години. 

Стоматолог, ветеринар, танчер… 

Сепак, иако е толку млада, Барби има навистина импресивна биографија. Досега била стоматолог, ветеринар, готвач, танчер, спортист, дизајнер и фотограф, а ова се само дел од нејзините професии. 

“Целата моја филозофија за Барби е дека со помош на кукла, девојката може да стане се што сака. Барби отсекогаш го претставувала фактот дека жената има избор”, вели нејзината креаторка Рут Хендлер во нејзината автобиографија. 

Помлад дечко 

И ако се прашувате колку години има Кен , тој дојде на свет две години по Барби и сега има 62 години. Судејќи по неговиот изглед, и тој е замрзнат во цутот, но останува фактот дека Барби „нашла“ помлад дечко.