– Полициски службеници денеска пронашле 238 штеки цигари, тутун и други предмети.
Како што информира МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица на место викано „Вршник Бара“ денеска во 4:00 часот забележале две лица на меѓуграничниот простор, кои носеле торба и неколку ќеси.
Лицата ги оставиле торбата и ќесите, а потоа го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.