Полицијата пронајде 50 кесички кокаин во кабинетот на Министетката: Невиден скандал предизвика молк во Белгија

Белгиската полиција пронашла повеќе од 50 кесички со кокаин во канцеларијата на белгиската министерка за образование на француски јазик, Каролин Дизие!

Јавното обвинителство на Брисел во петокот потврди дека во кабинетот на министерката се откриени наркотици и соопшти дека припадник на нејзиниот персонал е уапсен и осомничен за продавање и поседување наркотици.

Дизир потврди дека дознала дека еден од нејзините помошници бил уапсен под обвинение за трговија со дрога на 13 декември. Таа изјавила и дека го отпуштила вработениот поради „кршење на довербата“ и дека потоа во неговата канцеларија извршиле претрес за „криминални предмети“ и пронашле 50 вреќи бел прав.

Локалните медиуми јавуваат дека полицијата во неговата куќа пронашла и 10.000 евра во кеш.

Јавното обвинителство на Брисел соопшти дека истрагата сè уште е во тек.

Медиумите пишуваат и дека се работи за син на поранешната министерка Фадила Лан, која сега е пратеник во Брисел.