Полицијата упадна во просториите на Баерн, сомневање за перење пари за руски олигарх

Инспекторите на федералната криминална полиција во вторникот упаднаа во Алијанц Арената во Минхен и ги пребараа просториите на Баерн, пишува вечерва дневниот весник Bild.

Имено, беа претресени просториите на стадионот, како и канцелариите на Баерн, сето тоа во рамки на истрагата поради сомнение за перење пари на узбечко-рускиот олигарх Алишер Усманов, кое според проценките тежи 14 милијарди долари.

Поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес, имаше многу добри односи со Усманов, кој често му даваше голема количина на ВИП влезници за разни настани.

Резултатите од претресот се уште не се познати, а инспекторите наводно подолго време бараат докази кои би ги потврдиле сомнежите за перење пари.

„Не водиме никаква истрага против Баерн, ниту против челниците или членовите на клубот“, соопштија од Јавното обвинителство.

Баерн затоа не е осомничен во овој случај, но во улога на сведоци може да се најдат луѓе поврзани со клубот.

За потсетување, Хенес беше осуден за даночно затајување во 2014 година и одлежа 18 месеци затвор.