Полиција го бара Роналдињо низ цела држава: Специјалци упаднаа во неговата куќа, тој избега! Нему му се заканува затвор за големо кривично дело

Познатиот бразилски фудбалер Роналдињо Гаучо е осомничен за измама со криптовалути и наскоро би можел да се најде повторно во затвор.

Бразилските обвинители сметаат дека компанијата „18К“ во сопственост на поранешен претставник на оваа земја е дел од пирамидална шема. Компанијата им вети на клиентите дневен приход од 2 отсто, наводно врз основа на трансакции со криптовалути.

Роналдињо двапати бил повикан да сведочи, но двата пати го игнорирал повикот. Поради одбивањето да се појави на суд, бразилската полиција упаднала во домот на 43-годишникот за да му го одземе пасошот.

Роналдињо не бил дома, па полицијата извршила претрес.

Обвинителите побараа од судот да му забрани на Роналдињо да ја напушти земјата во текот на истрагата и да му го одземе пасошот.

Роналдињо веќе еднаш имаше големи проблеми со законот. Во март 2022 година, тој беше уапсен поради користење лажни пасоши при преминувањето на границата со Парагвај. Нешто подоцна, неговиот брат и тој беа ослободени од затвор со кауција од 1,6 милиони долари. Браќата поминаа 171 ден зад решетки, а беа во домашен притвор во Асунсион повеќе од четири месеци.