ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЕВРА ЗА КИЛИЈАН МБАПЕ !? Реал Мадрид го подготвува најголемиот трансфер во историјата на фудбалот: “Флорентино Перез е вљубен во Французинот!“

Килијан Мбапе и Реал Мадрид – сага која трае веќе неколку години.

Килијан Мбапе
Килијан Мбапе

Познато е дека претседателот на Реал МадридФлорентино Перез е опседнат со Килијан Мбапе. Пред неколку години тој се обидуваше да го привлече Французинот во Мадрид секое лето, но катарските милиони ја спречуваа офанзивата.

Се чини до ова лето ПСЖ е лут на својот играч и му даде рок до 31. јули да се изјасни дали ќе остане или ќе го напушти Париз. Сопственикот на клубот, Насер Ал Хелаифи, изјави дека Французинот има само две опции – или да потпише нов договор со ПСЖ ова лето или да го напушти клубот. И за пристоен надомест – 200.000.000 евра. Тоа е цена од која тој нема да спушти ниту евро.

А што му подготви Реал Мадрид на Килијан Мбапе ? Според италијанскиот новинар Николо Сцира, ова се пари кои досега не се видени во светот на фудбалот. Суми кои предизвикуваат вртоглавица во вашата глава.

Реал Мадрид му понуди на Килијан Мбапе 5-годишен договор, со опција за продолжување на уште една година. Секоја година Французинот би заработувал по 50.000.000 евра, без бонуси и премии. Вкупно Реал Мадрид за него би потрошил 300.000.000 евра само за плата.

Интересно, станува збор за плата помала од онаа што ја има Килијан Мбапе во ПСЖ, каде што добива 6.000.000 евра месечно или 72 милиони годишно.

Ако на тоа се додаде дека Реал Мадрид би требало да плати 200.000.000 евра за слободата на Килијан Мбапе, тогаш стигнуваме до неверојатна сума од дури половина милијарда евра за еден фудбалер.

Реал Мадрид веќе одреди дрес за Килијан Мбапе. Во „Кралскиот клуб“ го чека „деветката“, која во претходните сезони љубоморно ја носеше и чуваше Карим Бензема, од неодамна член на клубот Ал Итихад од Саудиска Арабија.

Килијан Мбапе би сакал да почека до следното лето и да се пресели во Реал Мадрид како слободен играч. Неговиот план е на 1. септември да инкасира уште 80.000.000 евра од ПСЖ, како што гарантира клаузулата за лојалност. Сепак, се чини дека со Арапите нема да оди така, бидејќи газдите од Катар ја свртеа страницата кога е тој во прашање.