„ПОЛОВИНА ОД ЗАТВОРЕНИЦИТЕ СЕ УБИЕНИ ИЛИ РАНЕТИ“ Британските разузнавачи навестуваат сериозни кадровски проблеми за групата Вагнер и Пригожин
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, издаде указ за легализирање на потврдите врз основа на кои затворениците ќе бидат ослободени.
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство пред два дена објави дека илјадници руски затвореници кои се приклучиле на групата Вагнер најверојатно ќе бидат помилувани.
Вагнер регрутирал најмногу затвореници минатата есен. Кога влегле во Вагнер, им било кажано дека затворските казни ќе им бидат укинати по шест месеци воена служба. Британското министерство проценува дека приближно половина од затворениците кои се бореле на страната на Вагнер биле убиени или ранети.
Британците додаваат дека доказите што ги собрале укажуваат дека оние кои ја преживеале војната и ги отслужиле споменатите шест месеци навистина ќе бидат ослободени.
Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, издаде указ за легализирање на потврдите врз основа на кои затворениците ќе бидат ослободени.
Со оглед на тоа дека на Вагнер му е забрането да бара борци во затворите, британското Министерство за одбрана смета дека платеничката армија на Евгениј Пригожин наскоро ќе има сериозни кадровски проблеми.
Дополнително, прашање е како голем број често насилни криминалци кои поминале низ украинското бојно поле ќе се прилагодат на слободата и животот во руското општество.
За време на војната во Украина, Путин постојано се потпираше на платеничката војска на Пригожин и тоа му помогна да постигне одредени победи во Бахмут на истокот на земјата.
Лидерот на Вагнер постојано се пофалил дека неговите војници освоиле делови од украинската територија кај Соледар, Попасна и Лисичанск, пишува Дејли Мејл.
Пригожин нема добри односи со рускиот воен естаблишмент, некои руски функционери стравуваат дека по војната во Украина, шефот на Вагнер би можел да војува со Путин и да се обиде да доминира во периферните руски области.