Полска од недела го забранува влезот на автомобили со руски регистерски таблички

Министерот за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека од утре Полска ќе забрани влез на автомобили регистрирани во Русија.

Забраната е дополнителен дел од санкциите наметнати на Русија и нејзините граѓани во врска со војната во Украина, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Мариуш Камински.

Откако Естонија, Литванија и Летонија воведоа забрана за минување на автомобили со руски регистарски таблички во изминатите неколку дена, слична мерка вчера воведе и Финска, јави dpa.