Помалку од 2 проценти од жените во светот ја имаат оваа моќ: Нивниот мирис ги излудува мажите

Уникатен мирисен потпис, како и способност за производство на повеќе витамин Д, што ги прави различни од сите други

Ако некогаш сте се запрашале кои жени привлекуваат најголемо внимание, одговорот можеби ќе ве изненади. Научниците тврдат дека токму црвенокосите се тоа. Зад нивната огнена коса не се крие само посебна генетика, туку и уникатен мирисен потпис, како и способноста да произведуваат повеќе витамин Д, што ги прави различни од сите други.

Црвенокосите луѓе се вистинска реткост. Само околу два проценти од светската популација има природно црвена коса. Истражувањето на Универзитетот во Единбург, спроведено на речиси 350.000 луѓе, покажа дека бојата на косата не е одредена само од еден, туку од дури осум гени.

Така, митот дека генот MC1R независно ја контролира оваа особеност е разбиен. Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието Nature Communications

Феромони и витамини

Црвенокосите произведуваат повеќе адреналин и реагираат различно на болка и анестезија. За да ги успијат црвенокосите, анестезиолозите мора да им дадат просечно 20 проценти посилна анестезија од луѓето со други бои на коса. Покрај тоа, тие се издвојуваат по својата привлечност. Жените со природно црвена коса „мирисаат“ различно на ниво на феромон, а исто така природно произведуваат и повеќе витамин Д.

Сепак, низ историјата, нивната уникатност честопати била товар. Од античките драми што ги прикажуваат како робови, преку средновековните слики на Јуда Искариот со црвена брада, до обвинувањата дека се вештерки, црвенокосите честопати биле стигматизирани.

И покрај ова, тие оставија длабок белег во историјата и уметноста. Меѓу нив беа Ван Гог, Да Винчи, Наполеон, Јованка Орлеанка, како и филмски диви како Рита Хејворт, чија огнена коса дополнително ја нагласуваше нејзината сексапилност.