ПОМЕЃУ МРТВИТЕ ВО ИЗРАЕЛ ИМА И АМЕРИКАНЦИ !? Ентони Блинкен објави мрачна вест, се очекува официјална реакција на САД
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, вели дека американската Влада добила извештаи дека неколку Американци се убиени во Израел и дека официјални лица се обидуваат да ги потврдат извештаите.
Ентони Блинкен изјави за CNN дека САД би можеле да објават дополнителна воена помош за Израел уште денеска.
„Разгледуваме конкретни дополнителни барања што ги упатија Израелците. Мислам дека веројатно ќе слушнете повеќе за тоа подоцна денес“, најави Ентони Блинкен.
Според неговите зборови, претседателот на САД, Џо Бајден, дал инструкции да се осигура дека Израел ќе добие се што му е потребно во овој момент за борба против нападите на Хамас.