„ПОМИЛО ЌЕ МИ БЕШЕ ДА ЗАВРШЕВМЕ НА ПРВО МЕСТО“: Првата изјава на Бејби Лазања по ОСВОЕНОТО ВТОРО МЕСТО на Евровизија 2024 (ВИДЕО)
Репрезентативецот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“ . Во фото-финишот на натпреварувањето, Немо беше на второто место кај обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да дојде до првото место.
Бејби лазања од Хрватска пред неколку месеци со песната „Рим Тим Таги Дим“ важеше за главен фаворит и беше на првото место за победа кај обложувалниците, но синоќа сепак го освои второто место.
Хрватскиот претставник Baby Lasagna и неговата песна „Rim Tim Tagi Dim“ освоија 547 поени (210 од жирито и 337 од публиката).
Лазања ја даде својата прва изјава веднаш по поразот.
– Беше одлично, беше напнато, мило ми е што завршивме втори, среќен сум и задоволен. Секако, повеќе би сакал да завршевме први. Мислам дека дадовме се од себе и дека публиката покажа дека сепак направивме нешто добро – рече тој.
– Мислам дека можеме да се гордееме со ова второ место. Јас сум ГОРД. Направивме се како што треба, задоволни сме, знаеме дека мора да се вратиме дома и мирно да спиеме – изјави Ласања за ХРТ.
На социјалните мрежи се појавија куп видеа од плоштадот во Загреб, преполн со луѓе, кои со цело срце ја поддржуваа својата земја и Бејби Лазања и внимателно ја следеа Евровизија 2024, но Швајцарија сепак победи.