Турскиот амбасадор во Скопје Хасан Мехмет Секизќок во својата изјава истакна дека институциите и граѓаните во Северна Македонија се мобилизирале со цел доставување помош на настраданите од земјотресот.
Два камиони со собрана хуманитарна помош во Северна Македонија за погодените од земјотресот со епицентар во Кахраманмараш на југот на Туркије, тргнаа од Скопје.
По тој повод, амбасадорот на Туркије во Скопје Хасан Мехмет Секизќок и генералниот секретар на Црвениот крст на Северна Македонија Саит Саити одржаа прес-конференција.
Амбасадорот Секизќок во својата изјава истакна дека институциите и граѓаните во Северна Македонија се мобилизирале со цел доставување помош на настраданите од земјотресот.
„Се наоѓаме во центарот на Црвениот крст на Република Македонија, каде има 25 тони храна и хигиенски материјали, како и 4 илјади ќебиња, кои во моментов се натоваруваат на два камиони кои треба да бидат доставени до турската Црвена полумесечина во Газиантеп“ рече Секизќок.
Тој информираше дека преку разни невладини организации и компании и, како што рече, со браќата и пријателите од оваа земја, а под координација на Амбасадата на Туркије, досега реализирана е испорака на 850 тони прехранбени производи, 53 тони облека, 27 тони хигиенски материјали и 4.360 ќебиња, 186 греалки, 37 шатори, како и 18 агрегати.
Амбасадорот Сеќизкок информираше и дека заклучно со минатиот петок во Туркије е трансферирана сума од близу милион евра. Исто така, тој рече дека и се спроведуваат активности за собирање на материјална и за финансиска помош.
„Во оваа насока сведоци сме на финансиската помош која се одлучува во советите на општините, тука се стопанските комори, Лекарската комора и низа други институции и установи од земјата, како и нашите браќа, нашите пријатели од земјава кои како што истакнав во широк размер организираат кампањи за помош на погодените региони. Исто така, имавме една телевизиска програма која се одржа во една национална телевизија каде што исто така беше организирана кампања за прибирање на финансиски средства“, рече Секизќок.
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, информираше дека до денеска собрани се вкупно 25.120.773 денари парична помош, и два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња.
TRT Balkan