„ПОПЛАВАТА НАПРАВИЛА ХАОС„ Градоначалникот на Оренбург: Жителите ќе мора да се евакуираат, дури и со сила

Градоначалникот на руски Оренбург, Сергеј Салмин денеска побара да се евакуираат жителите од поплавените подрачја на тој град и изјави дека оние кои ќе одбијат доброволно да ја напуштат опасната зона ќе бидат насилно евакуирани со учество на полицијата.

На својот профил на Телеграм, Салмин им се обрати на жителите на областа Форштад, како и на бројните села. Според него, во 15 часот (11 часот по средноевропско време) нивото на водата на Урал изнесувало 855 сантиметри и ќе продолжи да расте.

  • Оваа ситуација не ни остава избор да реагираме ноќе, барам сите веднаш да ги напуштат своите куќи во зоната на поплавите. Сфатете го сериозно тој предупредувачки сигнал. Немаме повеќе време за убедување. Насилно ќе ги евакуираме оние кои ќе одбијат доброволно да ја напуштат опасната зона, со учество на полицајци – напиша тој.