Поплавен клучниот тунел, десетици илјади луѓе на работ на очајот, огромен сообраќаен хаос во Европа пред Нова година, цените на картите одат во небо (Фото/Видео)
„Фрустрирани сме, лути, тажни, имаше многу луѓе кои плачеа. Не знаеме каде да одиме, немаме каде да останеме…“
Еуростар ги откажа сите возови откако тунелот под реката Темза се поплави, предизвикувајќи невиден патнички хаос во Европа. Илјадници луѓе беа погодени откако беа откажани услугите меѓу Лондон и европските престолнини.
Имено, лондонската комунална компанија извести дека поплавата во тунелот била предизвикана од „систем за контрола на пожарот.“ Уште рано утрово Еуростар откажа 14 возови кои сообраќаат меѓу Лондон и, меѓу другите, Париз, Амстердам и Брисел. Првичната проценка покажа дека од одлуката би можеле да бидат погодени 16.000 патници, но бројките, пишува британски Телеграф, ќе бидат многу поголеми. Како што пренесува Дејли Мејл, прекинот ќе погоди околу 30.000 луѓе. Новинарот Сајмон Калдер известува дека „очајните семејства“ кои се обидувале да го преминат Каналот почнале да плаќаат летови и на тој начин ги затрупаа аеродромите и во некои случаи пристаништата со траекти. Се разбира, цените на каратето растеа од минута во минута.
Двајца младенци кои биле во посета од Њујорк изјавиле дека нивните планови да ја поминат новогодишната ноќ во Дизниленд Париз сега се „уништени“, пренесува британски медиум.
Кристина Дејвид (25) и Џорџина Бењамин (26) од Сиднеј, кои се на одмор во Европа, стравуваат дека нивните планови за новогодишната ноќ во Париз се исто така уништени. Тие патуваа околу три недели, а нивната планирана последна станица беше Париз, каде што се надеваа дека ќе ја прослават Новата година.
“Плативме скап хотел со поглед на Ајфеловата кула. Сакавме да гледаме како Париз свети, но мислам дека тоа нема да се случи. Ќе плачам”, изјавила Кристина Дејвид за британски Телеграф.
„Фрустрирани сме, лути, тажни, имаше многу луѓе кои плачеа. Не знаеме каде да одиме, немаме каде да останеме“, вели тој.
Water floods tunnel as Eurostar trains cancelled pic.twitter.com/POaJikRP4X
— The Independent (@Independent) December 30, 2023
Во меѓувреме, Еуростар им се извини на клиентите што откажа уште 15 возови.
Железничката компанија ги информираше патниците во соопштението кое гласеше: „Еуростар за жал мораше да откаже уште 15 возови до и од Лондон бидејќи ситуацијата не се подобри поради поплавите во тунелите меѓу St Pancras International и Ebbsfleet. Правиме се што можеме!”
Поплавите првпат беа откриени во тунелот во петокот вечерта, поради што некои услуги беа одложени. Официјалните лица, наводно, одлучиле да спречат возовите да сообраќаат во 4 часот наутро. Многу патници го нападнаа операторот на возот за наводна погрешна комуникација за тоа дали возовите навистина ќе сообраќаат или не. Некои се обидоа да останат оптимисти дека нивниот воз ќе сообраќа пред железничкиот оператор да потврди пред еден час дека денеска нема да работи ниту една услуга.
Вреди да се напомене дека сето ова доаѓа во период кога синоптичарите предупредуваат на потенцијално нарушување на патувањето низ ОК во последниот викенд од годината поради силните ветрови и снегот. Температурата може да се спушти до -9 степени Целзиусови.