ПОПУЛАРНИОТ ПЕЈАЧ ИМА ПАРАЛИЗА НА ЛИЦЕТО ПОРАДИ СИНДРОМОТ НА РЕМЗИ ХАНТ: Водел тешка борба да се опорави и еве како изгледа сега! (ВИДЕО)
Пејачот Џастин Бибер ги информираше фановите за неговото закрепнување откако му беше дијагностициран синдромот Ремзи Хант.
Тој сподели видео на својот Инстаграм каде што можеше да ги движи двете страни на лицето , што не можеше да го направи минатата година.
„Чекај“, им напиша тој на своите повеќе од 281 милион следбеници на неговиот профил. Во краткото видео Бибер ги мрдаше очите од една на друга страна, ги подигна веѓите и се насмевна.
Рамзи Хант синдромот се карактеризира со болен осип во близина на увото, лицето или устата. Се манифестира кога вирусот варичела-зостер ќе зарази нерв во главата, а понекогаш може да предизвика парализа на лицето, пренесува Index.hr.
Минатиот јуни канадскиот пејач откри дека боледува од овој синдром. Во тоа време, двократниот добитник на Греми рече дека неговото закрепнување ќе потрае и дека ќе мора да прави различни вежби за лице. Дијагнозата го принуди да ги одложи американските термини на „Светската турнеја на правдата“.
„Тоа е од овој вирус кој го напаѓа нервот на моето уво и фацијалниот нерв и ми предизвикува парализа на лицето. Како што можете да видите, ова око нема да трепне. Не можам да се насмевнам на оваа страна од лицето. Целосно сум парализиран од оваа страна на лицето“, објасни тој во видеото на Инстаграм во јуни.
„Преку сите непријатности, најдов утеха во оној кој ме создаде и кој ме познава. – рече Џастин, мислејќи на Бога.