Поради асфалтирање времено затворен за сообраќај патот Велес-Градско

Поради асфалтирање, денеска од 08:00 – 18:00 часот ќе биде затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, во близина на винарија Стоби, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.