Поради едно незгодно движење во овој фустан, заврши во сите медиуми, а фотографите го уловија и тоа што никако не требаа

Филмскиот фестивал во Кан секојдневно изнесува разни модни комбинации на црвениот тепих, а многу од нив не излегуваат онака како што замислиле ѕвездите, па завршуваат на листата за лош аутфит. На една актерка нејзиниот аутфит навистина и предизвика проблеми.

Овие денови сите погледи се вперени во ѕвездите кои пристигнаа на Канскиот филмски фестивал, а на една француска актерка нејзината облека навистина и предизвика проблем.

Фредерик Бел на премиерата на филмот „Indiana Jones and the Dial of Fate“ пристигна во проѕирен фустан, а најинтимните делови требаше да ги сокријат златни и сребрени украси.

Сепак, тие не ја завршија својата задача, а само едно погрешно движење го разоткри меѓуножјето на актерката. Фотографите веднаш го уловија тој момент.

Корисниците на различни социјални мрежи не останаа рамнодушни на нејзината облека , а многумина изгледот го нарекоа невкусен.

„Кој и да го дизајнираше, не размислуваше“, напишаа тие, „Ужас, кутрата Фредерик“, „Ова изгледа толку лошо, јас сум истрауматизиран“.