Поради изведување работи на пат, сообраќајот ќе биде затворен на патот Велес-Градско

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива без пречки и по суви коловози.

Нагласуваат дека сообраќајот надвор од градските средини се развива со висок интензитет. На граничните премини нема долго чекање за влез и за излез од државата.

AMСМ соопштува дека поради изведување работи на пат (асфалтирање) од 04.07.2023 година до 07.08.2023 година, делот Велес – Градско ќе биде затворена за сообраќај, во периодот од 08:00 до 18:00 часот.