„ПОРАДИ ОВА ВИДЕО МИ СЕ СВРТЕ СТОМАКОТ“ Жена скокнала од голема височина, камерата снимила се (ВИДЕО)
Акробатката Jeanie van Cutwijk (39) од Холандија на својот Инстаграм профил објави видео на кое може да се види како скока од големата височина на бродот за крстарење на Royal Caribbean, Harmony of the Seas, во базенот. Тоа е четвртиот по големина брод за крстарење во светот.
„Вака изгледа одозгора. За да ги ставиме работите во перспектива, таму има базен“, вели таа во видеото и детално покажува каде сака да нурне по скокот.
Потоа на видеото се гледа нејзиното скокање и неколку акробатски движења и нуркање токму до местото кое таа го посочи како цел на почетокот на видеото.
Нејзината објава собра повеќе од милион лајкови и бројни коментари од следбениците.
„Стресно е само да го гледам ова, но ти го направи тоа !
„Не, благодарам. Ви благодариме за нападот на паника“.
“Ти си супер. Не сум доволно храбара да се искачам по скалата!”
„Ми се сврте стомак поради овој скок“ се само дел од коментарите.