Поради ова ментално растројство Дејвид Бекам не спие ноќе! Фудбалерот открива дека тоа му го прави животот многу мизерен, а Викторија нервозна и лута
Поранешниот светски познат фудбалер Дејвид Бекам боледува од ментално растројство.
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам е главната ѕвезда на новата документарна серија на платформата Нетфликс во која тој открива дека со години се бори со опсесивно-компулсивно нарушување.
Ретко кој знаел дека тој цел живот се борел со ова нарушување, но благодарение на новата документарна серија за Дејвид Бекам, се откриени некои непознати детали од приватниот живот на славниот фудбалер, а буџетот на серијата е неверојатни 16 милиони фунти.
Така тој открива дека поради ова нарушување, кое му го загорчува животот, тој поминувал со часови и часови чистејќи го семејниот дом ноќе. Според него, сè во плакарите треба да е подредено по бои, линии и парови, а токму поради ова тој останувал буден неколку часа откако неговото семејство ќе заспие.
„Јас чистам толку добро, но не сум сигурен дека мојата сопруга го цени тоа толку многу“, признал Бекам пред камерите и продолжил: „Кога сите си легнуваат, јас шетам, чистам, ги прилагодувам светлата, внимавам се да е уредно. Мразам кога ќе слезам наутро, а има уште чаши, чинии… Го чистам и растопениот восок на свеќите. Знам, звучи чудно“, открил поранешниот фудбалер.
Од друга страна, неговата сопруга Викторија Бекам, според него е сосема спротивна од тоа односно сосема е „неуредна“.
„Таа е супер, супер уредна, додека јас сум гермафоб. Се мора да биде чисто. Дезинфицирам секаде, но малку сум неуреден, што да правам“, рекол Дејвид Бекам.
Инаку, опсесивно-компулсивно растројство (OCD) спаѓа во групата на анксиозни растројства, а се карактеризира со појава на опсесивни мисли и компулсивни дејства, т.е. дејствија кои се повторуваат ритуално. Луѓето кои страдаат од OCD се свесни дека нивните постапки се ирационални, поради што ги сметаат за непријатни, но не можат да ги спречат.