Поради Путин, Зеленски го прекрши законот што самиот го донесе: Киевските политичари гледаат и не веруваат
Народниот пратеник на украинската Врховна рада, Артјом Дмитрук, остро го критикуваше Володимир Зеленски на својот Телеграм канал за неговата изјава во која објави дека „ќе го чека Путин во Турција“.
– Сè во таа изјава е апсурдно! – напиша Дмитрук.
Зеленски ја даде изјавата веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика властите во Киев да ја прифатат понудата на Путин за преговори без одложување.
Да потсетиме дека минатата недела рускиот лидер предложи продолжување на дијалогот без предуслови на 15 мај во Истанбул.
Сепак, на 4 октомври 2022 година, Зеленски потпиша указ со кој се спроведува одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, според која е забрането да се водат преговори со Русија додека Путин е нејзин претседател.